Утрински Весник
Свет

Се урна мал авион во Тенеси, три лица загинати

Tenesi avion.jpg

Три лица загинаа кога мал едномоторен авион се урна во американската држава Тенеси, соопшти Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА).

Во соопштението се наведува дека авионот полетал од американската држава Алабама и се урнал во саботата додека се подготвувал за слетување на регионалниот аеродром Апер Камберленд во округот Вајт, пренесе Ен-Би-Си.


Авионот се урна јужно од аеродромот во Спарта, се вели во соопштението.

Управата за вонредни ситуации, пожарникарите и волонтерите го пронајдоа урнатиот авион.

ФАА и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја истражуваат несреќата.

Можете да прочитате

Техеран: Примирјето е готово – 24info.mk

Иран: Нападнавме 18 американски цели во регионот

Голем шумски пожар во Андалузија уништи над 3.600 хектари, во гаснењето вклучена и војската