Девет членови на едно семејство, меѓу кои и осум деца, загинаа откако се урна покрив на куќа во северен Пакистан, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата Имтиаз Кан изјави дека деца на возраст од две до 12 години – по четири момчиња и по едно девојче – загинале во несреќата во градот Чилас во регионот Гилгит Балтистан.
Кан рече дека таткото бил на работа во моментот на несреќата. Соседите слушнале дека нешто се урива и притрчале да помогнат, но залудно.
Инцидентите од овој тип не се невообичаени во Пакистан, каде безбедносните стандарди се ниски, а многу луѓе живеат во лоши и опасни услови поради недостаток на финансиски средства, наведува АП.