Утрински Весник
Свет

Се урна хеликоптер во Италија, загинаа седум лица

Падна хеликоптер во Норвешка, има загинати
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хеликоптер се урна денеска на југот на Италија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и четиричлено семејство од Словенија, објавија италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Хеликоптерот исчезнал од радарите во Кастелпагано ди Апричена, рурална област во провинцијата Апулија, по што армијата и пожарникарите започнале потрага.

Заменик-шефот на Апулија, Рафаеле Пијемес, изјави дека хеликоптерот е пронајден и дека сите седум патници и членови на екипажот загинале, објави весникот „Кориере дела сера“.

Меѓу загинатите има и четиричлено семејство од Словенија, меѓу кои и 13-годишно девојче.

Хеликоптерот кој секојдневно летал од Фоџа, во Апулија на островот Тремита во Јадранското Море, се урнал најверојатно поради лошото време.

Можете да прочитате

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра

Кина: САД „сериозно го кршат“ меѓународното право со запленувањето бродови

Израелската влада го затвора Военото радио