Утрински Весник
Балкан

Се урна грчки борбен авион, пилотот се спаси

Haf F 16 Block 52 Zeus Demo Team.jpg

рчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот се спаси – објави атинската РТВ СКАИ.

СКАИ објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинген лет во формација со други авиони и се урнал пред пладне.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа хеликоптерот на воздухопловните сили „Супер Пума“, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот авион ЦЛ-415 додека не беше пронајден и изваден од морето час и половина подоцна.

Во подготвеност беа фрегатата „Егеј“ и воено-транспортниот авион „Ц-130“.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил