Утрински Весник
Македонија

Се укинуваат сите ковид- мерки, во аптека и во автобус без маска

Се укинуваат сите ковид- мерки, во аптека и во автобус без маска

Комисијата за заразни болести ќе препорача укинување и на последните четири задолжителни мерки воведени за заштита од Ковид-19. Укинувањето е по седница на Светската здравствена организција, но и поради намалувањето на бројот на новозаразени со коронавирус на 66 лица неделно.

dobivaj vesti na viber

Иако нема да биде задолжителна, маската за в болница ќе остане како препорака.

„Ковид – 19 ќе продолжи да се третира како вообичаена болест. Четирите мерки кои предлагаме да се укинат задолжителното носење маски во болници, во јавниот превоз, во аптеките и во домовите за стари лиц аи лица со посебни потреби“, вели Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Покрај носењето маски во болниците, кои сега не се задолжителни но се препорачуваат како мерка за заштита која во пандемијата се покажала како ефикасна, како препорака останува и вакцината за заштита од Ковид – 19, посебно за повозрасните лица.

На денешниот состанок Комисијата расправала и за тоа дали има потреба извештаите за коронавирусот да се прават на неделно ниво и за коронавирусот да се известува како за сите останати респираторни болести, еднаш месечно.

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола