Утрински Весник
Македонија

Се укинува линијата Скопје-Будимпешта на „Визер“

Vizer.jpg

„Визер“ од 9 март ја укинува линијата Скопје-Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври. Ова е седма укината линија во последната година, по Салцбург, Бремен, Келн, Копенхаген, Стокхолм-Скавста и Луксембург.

Во 2023 година, „Визер“ доби субвенции за летови до Љубљана, Салцбург, Луксембург и Штутгарт, но само линијата Скопје-Љубљана остана активна. На новиот владин оглас за субвенции, компанијата доби поддршка за Лион, Барселона и Штутгарт, со обврска да ги одржува три години.


Можете да прочитате

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син

Македонците не веруваат во домашните медиуми

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор