Утрински Весник
Балкан

Се тресе тлото на Балканот: Два последователни земјотреси утринава

Zemjotres2.jpg

Два последователни земјотреси го погодија регионов денес. Првиот регистриран земјотрес беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата и ја потресе Грција, објавија на ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на околу 82 километри од Атина, на длабочина од 35 километри.

Потоа следеше уште еден од 3,3 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Црна Гора, објавија исто така на ЕМСЦ. Потресот е регистриран на длабочина од осум километри, на 76 километри од Подгорица.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Можете да прочитате

Во Атина судир на демонстрантите со полицијата, употребен солзавец

Уапсен е братот на Мило Ѓукановиќ

Забрането поставување лежалки на плажите во Грција