Утрински Весник
Македонија

Се трага по исчезнат планинар од Велес: Апел за помош до сите кои го познаваат теренот

Screenshot 20250414 111936 messenger.jpg

Планинарот Игор Смилев од „Грин Пауер“ сподели апел до велешките планинарски друштва, клубови и поединци да се вклучат во потрагата по исчезнатиот планинар од Велес, Стојче Пецевски кој од неделата е исчезнат во реонот на ридот Гроот во близина на Велес.

Вчера( недела) околу 10. 50ч во реонот на ридот ГРООТ е исчезнат нашиот колега планинар од Велес Стојче Пецевски.
Телефонот е лоциран во радиус од 2 км од предавателот на ГРООТ и сеуште сигналот е фиксиран во тој радиус.


Ги молам сите слободни планинари и поединци да се приклучат во потрагата !!

Во текот на вчерашниот ден неколку алпинисти и планинари предводени од Надир направиле потрага од споменикот кај с. Раштани до Антената па се до каменоломот Миса, а оттаму повторно до с. Раштани. На лице место е излезена и СВР Велес !!

Нужно е да се прошири потрагата кон селата Белештевица и Сопот. Се бараат поединци кои добро го познаваат овој терен.

Доколку некој има било каква информација нека се јави во СВР Велес или на тел .075 751 068 ( Нада )
389 70850659 – Надир“, стои во апелот на Смилев.

Можете да прочитате

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата за Дејан Јованов, дел од имотот е дивоградба, а дел се шупи, плевна и имот под извршување

Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек