Утрински Весник
Македонија

Се судрија четири возила во Валандово, едниот возач побегна

Се судрија четири возила во Валандово, едниот возач побегна

Четири возила се судрија вчера на регионален пат Р 1401, на место викано „Валандовско брдо“, по што едниот од возачите побегнал со автомобилот.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата учествувале „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(76) од Струмица, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.П.Ѓ.(45) од Гевгелија и уште едно товарно возило, кое го напуштило местото“ соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „тојота“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во возилото „фолксваген голф“, констатирани во Здравствен дом во Валандово.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Можете да прочитате

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност