Утрински Весник
Спорт

Се степаа навивачите на Англија и Србија: Летаа маси, столици, шишиња

1718549630977 Srbija Engleska2 830x0 1.jpg

Навивачите на Србија и Англија се степаа во Гелзенкирхен пред натпреварот на овие две селекции на Европското првенство, а по улиците настана вистински хаос, барем така тврдат на социјалните мрежи, каде има и видеа. Еден од нив доаѓа од британскиот новинар Тајрон Френсис.

Нетрпеливоста меѓу овие две страни се „готви“ веќе неколку дена, особено по срамните текстови на Англичаните во кои едноставно бараа гужва и проблем, што очигледно ги испровоцира српските фанови.
На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како полицијата се разделува и луѓето се тепаат, а како што велат летале и столици, маси и стаклени шишиња.

Немилите сцени пред овој дуел можете да ги погледнете со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина