Утрински Весник
Македонија

Се собираат докази – обвинител ќе пресече дали вработените во „Комуналец“ го загрозуваат здравето на луѓето со штрајот

СДСМ: Скопје се гуши во ѓубре

Несобирањето на отпадот во Скопје кое може да се толкува и како смислено загрозување на здравјето на луѓето, допре до скопското Обвинителство. По постапувањето на МВР, тие ги преземале првите чекори на проверки. Од нив треба да добијат одговор, дали има елементи на сторено кривично дело.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството за „Макфакс“ потврдуваат дека веќе се издадени и насоки за проверки и обезбедување докази, за да се испита што точно се случува. По ова, ќе се одлучи дали ќе има кривичен прогон и против кого ќе биде насочен.

Поради случувањата во „Комунална хигиена-Скопје“, постапуваше и полицијата. Оттаму излегоа со конкретни информации што било пријавено.

Истовреме, Скопје се дави во ѓубре. 

Комуналците бојкотираат и не го собираат отпадот откако директорката Косана Мазнева не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Вработените во Јавното претријатие синоќа се собраа на протест пред дирекцијата од каде на Мазнева и’ порачаа дека бараат да им ги врати колегите и да им ги покачи платите за 50 отсто. Во жестока дискусија пред дирекцијата, Мазнева им вети К15 и порача дека законите мора да функционираат за сите.

Преговорите помеѓу директорката Мазнева и вработените продолжуваат од понеделник.

Можете да прочитате

(Фото/Видео) Километарски колони за влез во Македонија

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи