Утрински Весник
Магазин

Се снима „Матрикс 5“

Matrix.webp.webp
Dik 300x250 mk

Aмериканското филмско студио „Ворнер брос“ објави дека се подготвува снимањето петти дел од серијалот „Матрикс“. Тоа ќе биде првиот филм нережиран од Лана или Лили Вачовски.

Наместо тоа, сценаристот на „Марсовецот“ (The Martian), Дру Годард ќе го напише и ова сценарио, ќе режира и ќе продуцира со неговата колешка Сара Есберг. Лана Вачовски е вклучена како извршен продуцент. Сѐ уште не се знае кој од досегашните главни ѕвезди на „Матрикс“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги, и ќе им се придружи на Јахја Абдул-Матин Втори, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Пријанка Чопра Џонас кои веќе го потпишале своето учество.

Годард беше номиниран за Оскар за пишувањето на „Марсовецот“, научно-фантастичната сага во режија на Ридли Скот и со Мет Дејмон во главната улога.

– Не е претерано да се каже дека филмовите „Матрикс“ го променија и киното и мојот живот. Извонредната уметност на Лана и Лили ме инспирира секојдневно и јас сум неизмерно благодарен за можноста да раскажувам приказни во нивниот свет, изјави Годард.

Филмската приказна за „Матрикс“ почна 1999 година и се претвори во еден од највлијателните научно-фантастични серијали во историјата на филмот. Следеа три продолженија: „Матрикс: Повторно наполнет“ (The Matrix Reloaded) и „Матрикс: Револуции“ (Matrix Revolutions) од 2003., и „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections) од 2021 година. Последниот, четврти дел заработи само 159 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 190 милиони долари.

Можете да прочитате

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации

Тихиот Океан рекордно топол, мистериозен топол бран ги збунува климатолозите

НАЈОПАСНИ ДАТУМИ ДО КРАЈОТ НА 2025 ГОДИНА: Погледнете кога треба да обрнете посебно внимание и да се соочите со предизвиците