Утрински Весник
Македонија

Се работи на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница

Nikoloski 13 06.jpg

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие „Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно да се консолидира за да добиеме подобро одржување на патишата, истакна во вечерашното гостување во „Вести Плус” на Канал 5, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

-Претпријатието е во многу лоша состојба, има наследени долгови од минатото некаде 27-28 милиони евра. Со таков товар тоа претпријатие не може да ја врши својата работа, така што едно целосно реконструирање на Македонија пат е приоритет и се надевам дека следно лето кога ќе се видиме, ќе можеме да зборуваме за многу подобро одржување на патиштата, рече вицепремиерот Николоски.


Вицепремиерот истакна дека приоритет за одржување на Владата се сите патни правци, вклучително и тие кои водат до помалите населени места, а во однос на обнова, приоритет е Коридорот 10 и скопската обиколница.

-Оној дел кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и граница со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструирање. Обиколницата на Скопје, се направија некои интервенции, но е потребна целосна реконструкција и таму, истакна Николоски.

Можете да прочитате

„Ни газди, ни плата“ – конфекција во Штип ги остави вработените на улица

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

во рамките на Демант: Никогаш немало проект за тренирање на магариња во Erasmus+ програмата