Вкупно 3.844 ученици во 199 паралелки се запишани во учебната 2024/2025 година во четирите средни опшитнски училиште во Куманово. Во секоја паралелка просечно има околу 20 ученици, што е под законскиот минимум.
Се празнат и средните училишта во Куманово, на полугодие се отпишале 63 ученици
Покрај малиот број на новозапишани продолжува и трендот на отпишување, па годинава само во првото полугодие си заминале 63 средношколци, додека за цела година лани се отпишал 61 ученик.
Директорите бараат дозвола за формирање на паралелки по законскиот минимум, но малиот број на ученици повлекува бројни проблеми во образованието.
„Последен збор го има МОН, но ова година се соочивме со она што значи рационализирање или оптимизирање, кое беше најавено за основните училишта. Нам ни се случи во некои училишта да се скрати по една паралелка, а во Гимназијата две. Наидовме на проблем за формирање и одржување на часови, со наставниците пред се на неопределно работно време, а потоа и на наставниците на определно. Успеавме да ги задржиме оние на неопределено, но со нивно заминување во пензија часовите се заменуваа со часови од вработени колеги, а потоа со часови од времен карактер преку директори, заменици директори. Се надополнуваше фондот и со часови на наставници чии договори завршија на 31 август 2024 година“, објасни Александар Јовановиќ, раководител на Сектор образование.
Целиот текст на Kumanovo News со клик ТУКА.