Утрински Весник
Свет

Се повеќе Австријци се за напуштање на ЕУ

Се повеќе Австријци се за напуштање на ЕУ

Војната, инфлацијата и падот на довербата во политиката влијаат на ставот на Австријците кон членството во ЕУ, според истражувањето на Австриското друштво за европска политика.

dobivaj vesti na viber

Според тоа истражување, бројот на оние кои се за напуштање на Унијата е на рекордно ниво.

„Сè уште има мнозинство за членство во ЕУ, но се зголемува бројот на оние кои се за напуштање на членството“, предупредува генералниот секретар на OeGfE, Пол Шмит.

Според истражувањето, две третини, односно 64 отсто од Австријците веруваат дека Австрија треба да остане во ЕУ. Од друга страна, 27 отсто веќе се за повлекување од членството, со што нивниот број е најголем во последните шест години.

„Од почетокот на корона кризата се зголемува бројот на оние кои се за повлекување од членството. Непосредно пред избувнувањето на пандемијата во декември 2019 година, нивниот број беше на осум проценти, најниско ниво и оттогаш постепено расте. Во истиот период, бројот на поддржувачи на членството во ЕУ е намален од 75 отсто, односно за 11 отсто“, објасни Шмит.

Од влегувањето на Австрија во ЕУ во 1995 година, OeGfE има спроведено 66 студии на оваа тема. Во сите тие истражувања, мнозинството од испитаниците го поддржале членството во ЕУ, а нивниот број во просек бил околу 70 отсто.

Најниска поддршка за членство во ЕУ е забележана во јули 2008 година со 59 отсто, а најголема во ноември 1999 година со 82 отсто, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен