Утрински Весник
Македонија

Се поизвесно дека невролог ќе го замени Сали во здравство

Се поизвесно дека невролог ќе го замени Сали во здравство

Неврологот Фатмир Меџити станува се поизвесен нов министер за здравство на местото на актуелниот министер од Алтернатива, Беким Сали.

dobivaj vesti na viber

Иако досега како прва опција за нов министер за здравство, откако ќе биде проширена владината коалиција со Алијанса за Албанците, се спомнуваше инфектологот Фадил Цана, извори од партијата за „Макфакс“ посочуваат дека тој, како предлог, е заменет со неврологот Меџити.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари не одговори на повиците и на пораките од „Макфакс“ за да потврди или негира дека Меџити е неговото ново решение за министер за здравство.

Неврологот Меџити, како можен министер за здравство неофицијално се споменуваше и во 2017 година. Тогаш неговото име циркулираше како можен наследник на Таравари, кој како неколкумесечен министер за здравство, беше избран за градоначалник на Гостивар, но ресорот го зема СДСМ и за министер беше назначен Венко Филипче.

Таравари и Меџити на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии.

Инаку, вечерва СДСМ и Алијанса за Албанците имаат партиски состаноци на кои очекуваат да се прецизираат кадровските решенија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!