
Новите истражувања покажуваат дека се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија. Дел од причините се економски, односно растечките трошоци за домување, високи животни расходи, но и дискриминација и чувство на неприпадност
Според истражување на германската влада за миграции и интеграција, дури 35 отсто од испитаниците размислуваат за заминување, а 13 отсто веќе презеле конкретни чекори. Интересно, првпат во последните 15 години бројот на граѓани кои ја напуштаат Германија е поголем од бројот на новопристигнати.
Високите трошоци за домување се наведени од 42 отсто како главен мотив, додека 36 отсто се жалат на општите животни трошоци. Но проблемите не се само финансиски – речиси 39 отсто се чувствуваат изолирано и недоволно интегрирани во германското општество, додека помеѓу 15 и 28 отсто доживеале некаква форма на дискриминација.
Јазичните бариери и проблемите со признавање на стручните квалификации исто така го отежнуваат останувањето и се клучни причини зошто луѓето размислуваат за нов почеток во други земји.


