Утрински Весник
Свет

„Се подготвувавме за погреб, па и’ го слушнавме гласот“ – ново чудо во Турција! Спасена жена по 258 часа

„Се подготвувавме за погреб, па и’ го слушнавме гласот“ – ново чудо во Турција! Спасена жена по 258 часа

Спасувачите успеале да спасат жена на возраст од триесет години во Кахраманмараш, 258 часа по земјотресот, јавува „Си-Ен-Ен Турк“. Како што се наведува, станува збор за Неслихан Килиќ (30).

dobivaj vesti na viber

Непосредно пред да го слушнат нејзиниот глас од урнатините, нејзиниот зет рекол дека почнал да и’ подготвува гробно место.

„Им кажавме на спасувачките екипи да ја прекинат операцијата, бидејќи ќе ги распарчат телата. И тогаш го слушнавме нејзиниот глас“, рекол зетот на спасената жена.

Благодарение на работата на тимот, младата жена била извлечена жива од урнатините и однесена во брзата помош.

Претходно денес, седумнаесетгодишно девојче беше спасено од урнатините на зграда во турската провинција Кахраманмараш 248 часа по разорниот земјотрес, јавува ТРТ.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking