Утрински Весник
Спорт

Се подготвува жестока казна за Валверде

Се подготвува жестока казна за Валверде

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Феде Валверде ќе биде суспендиран на најмалку четири натпревари поради нападот врз Алекс Баена на паркингот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ по натпреварот против Виљареал.

dobivaj vesti na viber

Како што објави весникот „Ас“, Комитетот за борба против насилството го префрлил предметот до Комитетот за натпреварување, што значи дека Уругваецот ќе се соочи со некаква забрана.

Во среда, Валверде и Баена ќе сведочат пред Комитетот, кој потоа ќе има рок од еден месец да ја донесе конечната казна.

На членовите на Комитетот ќе им биде доставен и лекарскиот извештај за инцидентот и пријавата која во полицијата ја поднесе Баена.

Ова е помалото од двете зла од перспектива на Валверде. Доколку случајот одеше во Министерството за спорт, можеше да добие забрана за работа во сите спортски објекти од еден до шест месеци.

Според „Ас“, Валверде ќе биде суспендиран на најмалку четири натпревари, а а во зависност од тоа како Комитетот ќе гледа на инцидентот, суспензијата може да се зголеми на 12 натпревари.

Мадридскиот весник наведува дека најверојатното сценарио е казната да биде суспензија од четири натпревари, под услов Валверде да ги признае своите дела.

Евентуалното признание пред Комисијата за натпреварување нема да влијае на правните дејствија што ги презема полицијата, иако најверојатно ќе резултира со парична казна за Валверде.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари