Утрински Весник
Свет

Се отвори џиновска дупка среде улица во Британија, жителите евакуирани, стравуваат од експлозија

Screenshot 2025 02 19 094536.jpg

Жителите на Сари, Велика Британија, ги напуштаат своите домови откако се отворила дупка на главната улица. Властите го прекинаа водоснабдувањето на селото Годстон откако 20-метарска дупка проголта градина.

Жителите на Сари се евакуирани поради страв од експлозија, додека дупката продолжува да се шири. Дупката се појави во понеделникот вечерта и до вторник попладне порасна на најмалку 20 метри, предизвикувајќи прекин на водоснабдувањето и уривање на градина.


Советот на округот Сари прогласи вонредна состојба и на локалните жители им беше препорачано да ја избегнуваат областа додека се вршат поправки. Полицијата евакуираше неколку згради и постави безбедносен кордон во радиус од сто метри, пишува Гардијан.

На жителите на улицата Вилијам Веј во Годстоун им беше кажано да ги напуштат своите домови што е можно поскоро рано наутро во вторникот поради стравувањата дека изложените кабли може да предизвикаат експлозија. Жителите ги опишаа сцените од евакуацијата како застрашувачки.

„Не знам што ќе се случи следно, никој не може да ми даде никакви информации. Тие рекоа дека може да помине до една недела пред да се вратиме. Мислам дека не знаат каква е состојбата на гасните и електричните инсталации, така што постои ризик од експлозија, пожар, колапс“, изјави жител за Би-би-си.

„Преплашени сме. Сега треба да размислиме каде да живееме. Училиштето започнува следната недела и мора да најдеме нешто во близина“, велат други.

Полицијата потврди дека неколку згради се евакуирани како мерка на претпазливост и дека работата на патот најверојатно ќе потрае.

Можете да прочитате

Костенко: САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија

Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина

Пристигна картичка која ви овозможува да плаќате во криптовалути на продажни места и онлајн