Утрински Весник
Балкан

Се отстрануваат последиците од невремето во Србија и се проценуваат штетите, вонредна состојба во Нови Пазар

Nevreme.webp.webp
Dik 300x250 mk

Се отстрануваат последиците од силното невреме што вчера ја зафати Србија. Едно лице загина во Сомбор кога дрво падна врз возило. Изгаснат е пожарот што избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, поради што дел од градот остана без струја. Пожарникарите и спасувачите евакуираа пет лица и едно бебе. Во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, Исмаил Дупљак изјави за РТС дека се работи за големо невреме.

-Речиси еден час паѓаше град, што е невидено на овие простори. За еден час на некои мерни места во градот паднаа над 66 литри вода на метар квадратен, што исто така е невидено, изјави Дупљак.

Во регионот на Ужице за време на вчерашното невреме наврнаа близу 40 литри дожд на метар квадратен, па дождовната канализација не можеше да ја прими целата вода.

Имаше и одрони, оштетувања на патната инфраструктура, а недостигаше и струја.

Најобилни врнежи придружени со град имаше во Мачва, Бачка, Срем, и во Златибор.

Жена загина во Сомбор кога дрво падна врз возилото што го возела.

Во Пожега и Чачак падна град со големина на орев и предизвика штети на земјоделските култури и овошните насади. Во Пожега се излеаја поројни потоци.

Како што најавуваат метеоролозите и денеска попладне во Србија ќе важи портокалова метео тревога. Попладне повторно ќе има услови за лошо време.

Можете да прочитате

Уставниот суд ја поништи одлуката на владата, Велиај може да се врати како градоначалник на Тирана

Пицула: Одложувањето на решението за кризата во Србија може да доведе до ризик од посериозни конфликти

Владимир Штимац уапсен пред РТС, фрлен на подот (ВИДЕО)