Утрински Весник
Балкан

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

7wlk9kpturbxy8yowfmoduzzmy3njczztc1zmzjn2u0ytc1odawnjjhni5qcgerkwlna44a3gabotaf.webp.webp
Dik 300x250 mk

Дел од српските медиуми денеска разговарале со жената која синоќа ја нападна српската актерка Слобода Миќаловиќ.

– Таа ме удри со автомобилот, поточно ми го повреди коленото. Јас и кажав дека ме удрила, а таа го негираше тоа и почна да ја споменува мојата мајка. Пробав да ја запрам да не оди никаде за да може да дојде полицијата. Таа не внимаваше како се движи туку се движеше со автомобилот и ме удри со предниот дел. Таа споменуваше некој агол од каде што неможела да ме види, но мене ништо од тоа не ми е важно, бидејќи јас ја изгубив мајка ми. Јас само сакам да ја погребам мојата мајка, не ја нападнав, се е лага, рече С.Д. за српски Блиц.

Српската актерка Слобода Миќаловиќ била примена во Ургентниот центар во Белград откако била претепана. Како што дознава српски „Курир“, актерката повикала полиција околу 19 часот.

Таа била физички нападната од непознато женско лице на „Караѓорѓев трг“ во Земун.

Кога полициската патрола излезе на местото на настанот, констатирано е дека конфликтот започнал на паркингот, додека Слобода паркирала“, изјавил извор за „Курир“ и објаснил:

„Жената наводно ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобил, што Слобода демантирала. После тоа настанал конфликт, односно пријавената потоа ја влечела актерката за коса и ја извлекла од возилото“, додал изворот.

Брзата помош пристигнала на местото на настанот бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар.

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден