Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се огласи со соопштение на Инстаграм, откако гигантот од „Олд Трафорд“ реши да го остави Португалецот надвор од тимот за саботното дерби против Челзи.
Манчестер јунајтед, во средата, го надигра Тотенхем со 2:0а Кристијано Роналдо го напушти стадионот пред судијата да означи крај на натпреварот, незадоволен што не доби шанса на биде актер на теренот.
„Како што секогаш правев во текот на мојата кариера, се трудам да живеам и да играм со почит кон колегите, противниците и тренерите. Тука ништо не е сменето. Јас не се сменив. Јас сум истата личност и истиот професионалец каков што сум во последните 20 години и играв фудбал на највисоко ниво, а почитта секогаш играше многу важна улога во мојот процес на донесување одлуки.
Почнав многу млад, примерите на постарите и најискусните играчи секогаш ми беа многу важни. Затоа подоцна секогаш се трудев да им дадам пример на младите кои растеа во сите тимови што ги претставував. За жал, тоа не е секогаш возможно и понекогаш „жештината“ знае да надвладее.
Во моментов само чувствувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам соиграчите и да бидам подготвен на се на секој натпревар. Препуштањето на притисокот не е опција. Никогаш не било. Ова е Манчестер јунајтед и обединети мора да стоиме. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“.
Кристијано Роналдо оваа сезона само двапати стартуваше во Премиер лигата.
View this post on Instagram