Утрински Весник
Свет

Се огласи Москва за приклучувањето на Украина во НАТО

Се огласи Москва за приклучувањето на Украина во НАТО

„Сите земји-членки на НАТО се согласија Украина на крајот да стане членка на Алијансата но сега главниот фокус е да се обезбеди Киев да ја победи Русија“, изјави денеска Јенс Столтенберг генералниот секретар на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да ѝ пружат дополнителна воена помош на Украина.

„НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот. Имаме работа со агресивен блок кој посегнува по нашата безбедност“, изјави Дмитриј Песков портпаролот на Кремљ.

„И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што беше започната специјалната воена операција, а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката да се започне специјалната операција била правилна, бидејќи се обидуваме да ја обезбедиме безбедноста на Русија“, додадеПесков.

Можете да прочитате

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци