Утрински Весник
Македонија

Се огласија од општина Тетово по повод невремето: За среќа нема човечки загуби или сериозни повреди

Img 20240624 Wa0002.jpg

Како што знаете, вчера Тетово го зафати силно невреме проследено со силен ветер, дожд и град, што предизвика значителна материјална штета. За среќа нема човечки загуби или сериозни повреди, велат од општина Тетово.

Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта ТППЕ интервенираше на повеќе локации во градот. Конкретно, интервениравме на 43 објекти и на некои критични точки каде имаше големи акумулации на вода, со кои градската канализација не можеше да се справи и покрај тоа што овие канализации беа исчистени. Оваа заложба ја покажува нашата посветеност да ги заштитиме граѓаните и нивните средства.

Нашата единица интервенираше и во други општини кои гравитираат во низините на Полог. Во општина Јегуновце интервениравме во куќа во која 6 лица (4 постари и двајца млади) останаа заробени поради количеството вода што им влегло во куќата. Ова докажува дека ниеден граѓанин не оставаме сам во моменти на потреба, без разлика каде се наоѓа.
Исто така, големи штети се нанесени на земјоделските култури во нашиот регион. За овие штети, ресорното министерство треба да ги преземе потребните законски чекори за да се обесштетат сите во нашиот регион кои имале штети врз земјоделските култури.

За други штети, граѓаните да се обратат во Регионалниот центар за управување со кризи, на телефонскиот број 112. ТППЕ и општина Тетово секогаш ќе бидат покрај вас за да се погрижат секое ваше барање и потреба да биде третирано со најголема сериозност.

И денеска ќе продолжиме со интервенции низ градот. Ги замолуваме граѓаните на кои им е потребна каква било интервенција да ја известат ТППЕ за да можеме што поскоро да интервенираме. Заедно ќе го надминеме овој предизвик и ќе излеземе посилни и пообединети од било кога.

Ви благодариме за разбирањето и соработката. Ние сме секогаш со вас и за вас“, стои во соопштението на Општина Тетово.

Можете да прочитате

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Трагедија во Маврови Анови: Бојлер паднал врз тинејџер и го усмртил

Објавен ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт и врски