Утрински Весник
Свет

„Се надевам дека целата земја гледа“: Трамп денеска е на суд под обвинение за нелегално чување доверливи документи

Трамп најави можна кандидатура на претседателските избори во 2024 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што треба да се појави пред федералниот суд денеска во 15 часот по локално време, на почетокот на неговото судење по кривичната пријава за незаконско чување доверливи документи, јавува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Трамп изјави дека е невин и дека ќе ја продолжи својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

„Се надевам дека целата земја гледа што прави радикалната левица на Америка“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“, пред да полета за Флорида со приватен авион на кој е испишано неговото презиме.

Поранешниот американски претседател, кој во средата наполни 77 години, го напушти голф-клубот во Бедминстер, Њу Џерси и се упати со возило под придружба до аеродромот во Њујорк, каде го чекаше авионот со кој отиде за Мајами.

Неговите приврзаници чекаа пред голф-клубот во Мајами кој е во сопственост на Трамп, со оглед на тоа дека тој ќе преноќи таму.

Во интервју за „Политико“, Трамп вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кандидатура, дури и ако биде осуден.

Обвинението го товари Трамп за загрозување на националната безбедност, а обвиненијата за Законот за шпионажа носат значителни затворски казни, според Ројтерс.

Можете да прочитате

Aвтомобилите-бомби веќе не се во мода: Maфијата сега убива со експлозив закачен на ограда

Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност