Утрински Весник
Свет

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Granica.jpg

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез кој ќе биде целосно имплементиран до април идната година.

Системот треба да го замени класичното ставање на печати во пасошите со електронска евиденција на биометриските податоци заедно со точните времиња на влез и излез.


Системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат без виза за краток престој до 90 дена во 6 месеци. Тоа значи дека секој што ќе влезе во некоја од земјите членки на Европската Унија по 12 октомври ќе подлежи на процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот.

За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. Откако ќе се регистрирате, при следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

Во периодот од октомври до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април идната година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван