Утрински Весник
Свет

Се качиле на трактор да слават, приколката се превртела: Трагедија на венчавка во Италија

W 55891134.jpg

Луисела Рока (53) загинала за време на свадбена веселба во областа Торино, Италија, кога била згмечена од трактор-приколка.

Никој немаше да насети дека нешто ќе тргне наопаку на свадбата, особено на самиот крај на вечерта.

Неколку гости сакале да ја продолжат прославата во Вастапаљија и за таа цел зеле стар трактор „фиат“ со приколка.

За време на патувањето, покрај патот Сан Себастиано, приколката се превртела на удолнина и тракторот завршил во ендек. Повредени биле неколку гости, меѓу кои и Луисела.

Таа била единствената тешко повредена бидејќи била згмечена од возилото.

Веднаш била пренесена во болница, но три дена подоцна починала.

Беше медицинска сестра во болницата Куорне, во близина на Торино. Жената била мажена и мајка на две девојчиња. Таа со години водела и ресторан во Италија.

На социјалните мрежи се појавија многу пораки со сочувство, во кои се истакнува дека Луисела „секогаш била насмеана, позитивна и жена со добро срце“.

Можете да прочитате

Норвешката принцеза се омажи за американскиот шаман

Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк