Утрински Весник
Економија

Се измислуваат причини како да не ја приклучат евтината тарифа, вели Манасков од Стопанската комора за енергетика

Се измислуваат причини како да не ја приклучат евтината тарифа, вели Манасков од Стопанската комора за енергетика

Ѓорѓи Манасков од Стопанската комора за енергетика на Македонија вели дека во целиот свет цената на струјата паѓа, само кај нас се зголемува.

dobivaj vesti na viber

„Во целиот свет цената на струјата секој ден паѓа, а во некои држави голем број компании и не плаќаат поради огромни вишоци електрична енергија. Како не се најде еден паметен човек да застане и да го стопира оваа безредие и му помогне на овој намачен македонски народ. Кај нас цената на електричната енергија повторно ја зголемија и измислуваат причини како да не им ја приклучат евтината тарифа на домаќинствата најмалку шест месеци“, напиша тој на „Фејсбук“.

Според него, македонскиот народ треба да реагира веднаш и да успее исто како сложните Французи во Париз да стави ред и дисциплина во државата.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, претходно рече дека на 1 декември ќе има дневна евтина тарифа на струјата.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски