Утрински Весник
Македонија

Се избира директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

20251205110159 big 730x400 58.webp.webp

Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отпочна постапка за избор на директор на институцијата.

Во објавениот оглас, кој го споделува Министерството за образование и наука, наведени се условите што треба да ги исполнуваат кандидатите и критериумите за аплицирање, потребните документи, начинот на пријавување.

Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна 31 декември 2025 , до 12 часот, на адреса на Национална агенција за eвропски образовни програми и мобилност. 

Како што е наведено во огласот, по селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Агенцијата. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Можете да прочитате

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во паника од Лаура Ковеши и од бомбите

Магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево