Утрински Весник
Македонија

Се испокараа уште пред да почнат со работа: Претседател на општинската организација на ЗНАМ во Кочани си поднесе оставка

Screenshot 2024 02 24 142017.jpg

Вчера започна собирањето на граѓанските потписи за претседателските кандидатури, а денес веќе се појавија и првите внатрепартиски препукувања.

Претседателот на општинскиот огранок во Кочани на партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски поднел оставка од функцијата.

„Почитувани пријатели, роднини, подржувачи

ВЕ ПОВИКУВАМ ДА НЕ ИЗЛЕГУВАТЕ ДА СЕ ПОТПИШУВАТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ поради мене, за моја чест или мој ат’р. Доколку сами сметате дека е потребно тогаш сторете го тоа, но не заради мене. Ве известувам дека јас лично НЕ ПОДРЖУВАМ НИКОЈ КАНДИДАТ.

Не ЗНАМ и не сакам да ЗНАМ. Ве известувам дека од денес ПРЕКИНУВАМ СО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКАКОВ ВИД. Господ да ни е напомош, напиша Гоцев.

Тој за сега, не дава дополнително објаснување за мотивите коишто го натерале на ваков потег.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Завршен настан за одбележување на успешна имплементација на регионалните проекти реализирани со ИОМ

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како што ветуваа земјата е целосно закочена