Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.К. од Косово пријавил дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра.
Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него.
Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, според полицијата.