Утрински Весник
Спорт

Сејдини си поднесе оставка, на 22 декември ќе се избира нов претседател

Img 7101.jpeg

На 22 декември, на вонредно собрание, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе избере нов претседател, кој ќе го наследи Муамед Сејдини, по неговата денешна оставка. Собранието ќе започне со констатирање на оставката на Сејдини, по што ќе се премине на гласање за неговиот наследник.

Во својата изјава, објавена на официјалната интернет-страница на ФФМ, Сејдини го најави своето повлекување како „планиран чекор по седум години исполнети со историски успеси.“

„Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал:

• Историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020;

• Второ место во квалификациите за Светско првенство;

• Незаборавната победа над Италија во Палермо;

• Успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б;

• Реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА,“ изјави Сејдини.

Тој изрази благодарност до сите кои придонеле за овие успеси, истакнувајќи дека со гордост ја напушта функцијата. „Продолжувам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога ќе биде избран нов претседател,“ додаде тој.

Муамед Сејдини ја презеде раководната позиција во ФФМ во 2018 година, наследувајќи го Илчо Ѓорѓиевски, откако четири години беше заменик-претседател. Неговото лидерство се поврзува со најголемите успеси во

Можете да прочитате

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Фарски острови

Ужасни сцени во Амстердам, реанимиран член на стручниот штаб на унгарската репрезентација

Олгун Ајдин го напушта Шкупи