Утрински Весник
Скопје

Се чисти кејот на реката Вардар

Image 2025 11 26 111950511.png

Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.

„Се чисти кејот на реката Вардар

Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. 

Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. 

Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. 

Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.


Можете да прочитате

Камион удри во семафор на влез на Скопје, пешак повреден – Град Скопје: Се санираат штетите!

Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво