Утрински Весник
Магазин

Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош, Станишиќ во одбрана на Цеца

Screenshot 20251101 162911 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, се огласи по инцидентот на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога пејачката за време на настапот подигна бугарско знаме, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста.

„Се разбудив со мисла за оние кои повеќе не се со нас, на Задушница во нивно име да ги спомнеме… ама денот сакал поинаку,“ напиша Станишиќ во објава на социјалните мрежи.


Тој откри дека, според него, жената која му помогнала претходниот ден во Велес – фанклуберка на Цеца – била изманипулирана и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно.

„Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ.

Тој апелираше јавноста да не ги меша уметниците со политиката, нагласувајќи дека музиката треба да обединува, а не да разделува.

„Задачата на музиката е сите да нè сплотува — Македонци, Срби, Бугари, Грци… сите сме луѓе на светов! Не дозволувајте политиката да влијае на здравиот разум! И едно знам — Цеца не би го направила тоа намерно, тоа е сигурно,“ напиша тој.

Во својата објава, Станишиќ потсети дека и самата пејачка претходно ја пеела песната „Бисер Балкански“ заедно со него, држејќи македонско знаме на сцената.

„Луѓе, доста е! Престанете да ги користите уметниците во политички цели! Тие се тука да ви го разубават животот!“

Својата реакција ја заврши остро, упатувајќи критика за како што вели, лицемерието во јавноста: „Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош. Срамота!“

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес