Утрински Весник
Македонија

Се бетонира Охридското Езеро од албанска страна

Се бетонира Охридското Езеро од албанска страна

Градежни машини кои бетонираат се фотографирани на кејот од Охридското Езеро од албанска страна. “Охрид СОС” објави фотографии од Тшемиште. Тие реагираат на ваквите активности и велат дека уништувањето продолжува.

dobivaj vesti na viber

„Додека албанските власти во извештајот доставен до UNESCO наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот Регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се случува нешто друго. Се бетонира во Охридското Езеро, како што се гледа од фотографиите, но немаме повеќе детали. Машините се регистрирани кај Тушемиште, велат од здружението.

Како што посочуваат, според нив  ова е уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот Регион и дека уништувањето продолжува.

„Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел. На средба со неколку албански организации и жители на Поградец неодамна, имавме прилика да дознаеме за одредени планови и намери кои не се усогласени со стандардите за заштита, кои би можеле да го нарушат биодиверзитетот и чудно е како се форсираат, кога албанските институции се обврзале да го заштитат светското наследство. Не попусто се препорачува од страна на меѓународните организации интегрирана заштита, ускладени закони и стандарди и интегрални планови за управување, од двете држави“, завршуваат од “Охрид СОС“.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов