Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Се бара притвор за скопјанецот кој се судрил со загинатите кои излетаа во Лепенец, телата дадени на обдукција

Се бара притвор за скопјанецот кој се судрил со загинатите кои излетаа во Лепенец, телата дадени на обдукција
Dik 300x250 mk

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Скопје-Блаце.

dobivaj vesti na viber

По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот.

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по синоќешната несреќа.

Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Categories

Можете да прочитате

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, живот мој, ме скрши на милион делови“

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)