Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се бара помош за тригодишниот Алексеј од Скопје кој боледува од ретка болест

Се бара помош за тригодишниот Алексеј од Скопје кој боледува од ретка болест
Img 7972

На тригодишниот Алексеј од Скопје кој е предвремено родено бебе, дијагностицирана му е ретка болест, хипоксична енцефалопатија. Болест која се каракетризира со недостаток на кислород во мозокот и создава ризик од сериозни оштетувања.

dobivaj vesti na viber

Болеста на Алексеј му ја дијагностицирал доктор од Турција, каде треба да замине на операција за трансплантација на матични клетки.

Мајката на Алексеј, Бранкица раскажа дека пред една недела ја добила дијагнозата на нејзиниот син и вели дека се уште не може да се соземе од информацијата, затоа што лекарите во Македонија состојбата на Алексеј ја воделе како како задоцнет развој и блага форма на аутизам, пишува „Репортер“.

За првите две трансплатации семејството има потреба од 19.000 евра, а доколку успеат, ќе престојат уште четири, за што би требало најмалку 60.000 евра.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ е силата што ја враќа надежта и вербата во иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

Викендов ладно, особено наутро и со појава на мраз!