Утрински Весник
Свет

Се активира вулкан на Филипините, пепелта се издигна на речиси 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Screenshot 2025 04 08 082050.jpg

Ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините продолжува, а од вулканот се издигнува чад на висина од околу 4.000 метри, објави националната сеизмолошка агенција.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека нивото на предупредување 3 сè уште е на сила за областа околу планината Канлаон.


Ниво 3, на скала од 5, значи дека постои зголемен ризик од текови на лава и ризик од опасна ерупција во следните неколку недели.

Планината Канлаон, активен вулкан кој се протега помеѓу провинциите Негрос Оксидентал и Негрос Ориентал во централниот дел на Филипините, е еден од дваесетте активни вулкани во таа земја.

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија