Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи настанот, СДСМ бара одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200.

Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат.

МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат:

Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе кои со тоа се ставени во ризик од нова трагедија?

Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?

Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?

Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани?

Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинале?

Според информациите полицијата го прекинала настанот дури после полноќ односно во 00:10 часот откако тој со часови бил преполн од гости.

СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата.

Тошковски  мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност.

Можете да прочитате

Од октомври до денес АХВ уништи десетици тони небезбедна храна – дали е безбедно она што завршува на нашите трпези?

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој во седиштето на СДС или само Кузеска остана

Беровчанец нападнал малолетник, со стаклен предмет му нанел тешки телесни повреди