Утрински Весник
Економија

СДСМ: Замрзната цена од 33 денари за лебот, не смее да има богатење на грбот на граѓаните

СДСМ: Замрзната цена од 33 денари за лебот, не смее да има богатење на грбот на граѓаните

Цената белиот и полубелиот леб е замрзната на 33 денари, за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална криза. Со помошта од државата за струјата, со моменталните цени на суровините, 450 грама леб не би требало да се продава за повеќе од 33 денари, во кои се вклучени и 6 денари како профит што останува кај пекарите, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека Владата предводена од СДСМ обезбеди далеку пониска цена на струјата за пекарите од 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата во период, во ноември лани, кога електричната енергија на берзите беше околу 300 евра за мегават час.

Субвенционираната електрична енергија им се укинува, бидејќи компаниите кои што ја користеа не ги намалија цените на производите што беше главна цел на мерката.

Антикризните мерки, во чии рамки минатата година беа насочени 760 милиони евра кон граѓаните и компаниите имаат за цел да ги ублажат последиците од економската и енергетската криза, а не едни да плаќаат, a други да профитираат.

СДСМ нема да дозволи богатење на грбот на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст