Утрински Весник
Македонија

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Bogdanka kuzeska sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Секој што го прекршил законот мора да одговара.


ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски.

Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори.

161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг”, 74 тендери за „Ленди Груп”, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството.

Повеќе од 20 денови нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ…

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска.

Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.

Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење.

Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус.

Можете да прочитате

Лажни закани за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Полицијата во Струмица уапси четири лица за палење на „Ланд Ровер“

Нов случај на семејно насилство во Охрид