Утрински Весник
Македонија

СДСМ за тутунарите: Највисока откупна цена од 290 денари, исплатени 26 милиони евра

СДСМ: Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите

СДСМ покажа што значи вистинска грижа за тутунарите, постигната е највисока откупна цена за тутунот, а откупот заврши без проблеми, пред истекот на законскиот рок. На сметките на речици 16.000 тутунопроизводители исплатени се рекордни 26 милиони евра субвенции. Ова го посочија од партијата СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година. Оваа година ја одбележува историски најуспешен откуп на тутунот, кој помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. За реколтата за 2023 година, бројот на склучени договори е зголемен на 30.610, од 29.429 договори во 2022 година што покажува дека се зголемува интересот за одгледување на оваа земјоделска култура“, дополнуваат оттаму.

Како што велат, СДСМ како одговорна партија продолжува да ги поддржува земјоделците.

Можете да прочитате

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Началникот на ГШ на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег