Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисока цени за пазарот, институциите мора да реагираат!

Sdsm 2.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на СДСМ:

СДСМ откри нов скандал со расипничко трошење пари на грѓаните во општина Неготино, каде што за изградба на пазар се исплаќале астрономски суми.


Според достапните податоци, општина Неготино склучила договор со фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, омилена фирма на ДПМНЕ, во вкупна вредност од околу 420.000 евра за изградба на пазар, класифициран како „урбана опрема”.

Она што е крајно сомнително е делот за кровопокривачки работи. 

За само еден квадратен метар сендвич панел, општината платила 10.000 денари, додека реалната пазарна цена, заедно со работната рака, не надминува 2.000 денари.

Тоа е разлика од 8.000 денари – или околу 130 евра – за секој квадратен метар. За 440 квадратни метри, тоа значи 60.000 евра повеќе од реалната вредност – само за покривот!

Овие податоци отвораат сериозни сомнежи за организирано испумпување пари на граѓаните. 

Петпати повисоки цени за само една ставка во тендер е огромен скандал.

СДСМ бара итна истрага и одговорност!

Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат согласно своите надлежности и да го истражат овој случај.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ