Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За пониски сметки и цени, власта да прифати 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Jovana Trencevska Sdsm1 2.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ:

Почитувани,


СДСМ ја повикува власта и претениците на мнозинството да ги прифатат законските решенија за намалување на ДДВ за струја на 5% и укинување на ДДВ за храна.

Само така веднаш ќе им се помогне на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај и живеат се потешко.

Животот во Македонија станува сè поскап, граѓаните имаат сè помалку пари и тешко ги задоволуваат основните потреби.

Статистика измери дека индексот на трошоците на животот се пораснати за 4.9%, цените на мало вртоглаво растат додека сметките за струја се зголемија од 20% до 30% а за парно за 5%.

Политиките со така наречени „кошнички” на владата доживеаја тотален дебакл, наместо се намалат цените на производите и на храната се зголемија.

Неспособноста на владата на Мицкоски и на ДПМНЕ води кон економска криза и неизвесност.

Владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема никакви мерки. Тоа мора веднаш да се промени.

Не може профитот на малкумина да биде поважен од животот на народот.

СДСМ ги има решенијата за намалување на високите цени на производите и за намалување на сметките за струја.

Со овие решенија придобвките за граѓаните се директни и веднаш ќе ги почувствуваат:

-Струјата ќе поевтини за 13% – граѓаните ќе заштедат околу 400 денари на сметка од 3.000 денари. Над 600.000 домаќинства веднаш ќе имаат драстично намалени сметки за струја!

-Над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат за 5%. Тоа носи директна заштеда од 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно.

Затоа овие закони треба веднаш да се донесат. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети. Време е за реални решенија во интерес на граѓаните!

Можете да прочитате

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март