Од владејачката СДСМ утрово информираа дека денеска во13.00 часот ќе објават скандал за непотизам на еден од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПММЕ.
„Кој градоначалник од редовите на ДПМНЕ заедно со локалните функционери на ДПМНЕ плетеле широка мрежа на роднини, пријатели, фамилијарни и блиски членови на ВМРО-ДПМНЕ?
СДСМ денеска објавува скандал со непотизам, во 13.00 часот, на прес конференција којашто ќе ја одржи портпаролката Богданка Кузеска. Да видат граѓаните дека нема никаква промена во ДПМНЕ, дека ДПМНЕ не се менува и никогаш нема да се промени. Следуваат детални информации“ се наведува во соопштението од СДСМ: