Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За 80 отсто е зголемено производството на електрична енергија во февруари

СДСМ: За 80 отсто е зголемено производството на електрична енергија во февруари

Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ на денешната прес конференција се осврна на состојбата во енергетиката.

dobivaj vesti na viber

– Сеењето страв и ширењето на паника за црни сценарија за мрак и лицитирањето со астрономски суми за покачување на сметките, резултираат само со непотребна вознемиреност што ДПМНЕ и опозицијата константно ја емитира кон граѓаните ставајќи ги под стрес со ваквите лажни вести, рече Николовски кој додаде дека институциите предводени од СДСМ добро ја менаџираат енергетската криза.

Тој истакна дека македонските граѓани добија 80 милиони евра, пари од граѓаните на Европската унија – токму за енергетика, а дека тоа не е кредит, туку дирекна помош од ЕУ како буџетска поддршка за ублажување на кризата. Според него, средствата се користат како поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот, но и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.

 

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус