Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Време е за оставки – Мицкоски, Тошковски и Јанев да сносат одговорност за Кочани

Kocanska Diskoteka.jpg

СДСМ ја поздрави акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, при која се лишени од слобода неколку полицајци и полициски функционери кои биле на смена за време на трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март.

Од партијата обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ, како и министерот Панче Тошковски и лидерот Христијан Мицкоски, цели четири месеци се обидувале да ја прикријат вината на вмешаните полициски службеници. СДСМ тврди дека прикривањето на одговорноста и негирањето на вината укажуваат дека „сите биле вмешани или знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале“.


„Се покажа дека без силен притисок од јавноста, од дел од медиумите и од СДСМ, нема да имаше ниту правда, ниту акција. Вистината што цела недела ја објавуваме се потврди – време е за одговорност, време е за оставки“, се наведува во соопштението.

СДСМ бара оставки не само од Тошковски, туку и од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Одговорност, велат од опозициската партија, мора да има за сите кои се обиделе да ја попречат истрагата или да ги заштитат виновните.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги

Коцевски: Политиката ја оставам на политичарите, имаме цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“

Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје