Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски

СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски
Dik 300x250 mk

Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата, велат од СДСМ демантирајќи ги написите во медиумите за наводна реконструкција на Владата.

dobivaj vesti na viber

„Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата. Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје“, посочуваат од оваа партија.

Владата предводена од СДСМ, додаваат од таму, останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното