Утрински Весник
Економија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците – над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

Zemjodelec.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

За првпат во историјата, со ребалансот на Буџетот се намалуваат субвенциите за земјоделците.


Наместо зголемување и дополнителна поддршка, како што беше досега со СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ крати средства – директно ја намалува финансиската поддршка за земјоделците.

Во времето на СДСМ финансиската поддршка изнесуваше 8,3 милијарди денари (во 2023 година), додека со ВМРО-ДПМНЕ е намалена на 6,7 милијарди денари. Тоа значи над 30 милиони евра помалку за земјоделството – сектор од клучно значење за економијата и за обезбедување храна.

Дополнително, после две години предвремена, авансна исплата на 30% оваа година ВМРО-ДПМНЕ го укинува и тоа, нема да има.

ВМРО-ДПМНЕ го намалува и буџетот за програмата за рурален развој, а со укинување на лимитот за директни плаќања од 18 милиони денари, повторно се фаворизираат големите компании на штета на малите производители.

Овие одлуки покажуваат јасна намера на Владата да ги укине сите досегашни реформи и да ја наруши правичната распределба на поддршката во земјоделството.

Дополнителна загриженост предизвикува и предупредувањето од Европската Унија поради неефикасноста на институциите и загрозеното искористување на ИПАРД-средствата, како последица од заминувањето на 136 професионалци од Министерството за земјоделство и Платежната агенција.

Едно е јавно, ништо од изборните ветувања, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците.

Можете да прочитате

Мицкоски – Али Рашед Лута, извршен директор на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство, да ја продлабочиме нашата соработка

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби